| четврток, 6 декември 2018 |

Македонско ракометно дуо во Австрија – „Диви“ ќе му се приклучи на Митков во Медикал Кремс

Поранешниот македонски репрезентативен голман, Петар Ангелов – Диви ќе брани во тимот на Медикал Кремс.

Информацијата ја пренесоа и австриските медиуми, а Диви во новиот ќе игра заедно со уште еден поранешен репрезентативец, Влатко Митков, затоа што се согласи на договор до крајот на сезоната со можност за продолжување доколку и двете страни бидат задоволни.

Некогашниот голман на Тиквеш, беше дел од екипите на Пелистер, Вардар и Металург, a на интернационална сцена играше за францускиот Трембле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top