Нема да има автоматски влез за земјите од Западен Балкан во ЕУ на преходно утврден датум, изјави денеска портпаролот на германската Влада, Штефан Зајберт.
– Јасно е дека кандидатите за членство мора да спроведат уште многу реформи, изјави Зајберт во пресрет на утрешното објавување на стратегијата на Европската комисија за земјите од Западен Балкан.
Тој нагласи дека Берлин секогаш ја потенцирал неопходноста од поставувањето јасна перспектива за членство на западнобалканските земји во ЕУ, но дури откако ќе ги исполнат поставените услови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.