Бостонскиот Институт составил список од 11.000 личности кои оставиле трага во историјата од просторите на бивша СФРЈ, меѓу кои се владетели, спортисти, научници, политичари… Бостонскиот институт за технологија Масачусетс (МИТ) користел два критериуми за составување на листата, а проектот наречен Пантеон се потпира на територијата на која познатите личности се родени за да бидат врзани за одредена современа држава.
На овој начин собрана е листа на личности чие име се појавува на Википедиа на најмалку 25 јазици. Тој во истражувањето користел голем временски период кој оди од 4.000 г.п.н.е. до 2010 година.
Заради врзувањето за територија, а не за националност, во одредени делови листата е чудна. Во рамките на поранешна Југославија, Србија има најмногу познати личности. Меѓутоа, во првите 20, дури 14 се римски императори, а научници и уметници има навистина малку. Најпознатиот српски научник Никола Тесла се наоѓа на хрватската листа бидејќи е роден на хрватска територија, а Жељко Ражнатовиќ Аркан е на словенската. Најпознат Црногорец на светот е Стефан Немања, а на српската листа се наоѓа и претседателот на Црна Гора – Филип Вујановиќ, додека екс претседателот на Србија Борис Тадиќ се наоѓа на босанската листа бидејќи е роден во Сараево.
Најпознати Македонци во светот се Јустинијан и Мајка Тереза. На листата од вкупно 9 Македонци се најдоа и Киро Глигоров, Борис Трајковски, Никола Груевски, Ѓорге Иванов, Каролина Гочева, Горан Пандев и Тоше Проески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.