Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево во општина Кисела Вода во која има и жртва. Како што јави Курир, околу 17 часот на булевар „Борис Трајковски“ (поранешна Првомајска), животот го загуби 38-годишниот Е.А.
– Е.А. управувајќи со мотоцикл Сузуки, изгубил контрола и се превртел на патот. Од добиените повреди човекот почина на лице место, информирале за порталот од МВР.
Смртта била констатирана од страна на лекар на Итна медицинска помош. Полиција веднаш излегла на терен, а увидот е се уште во тек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.