Театарот за деца и младинци во вторник ќе одбележи 20 години активно играње на „Убавицата и ѕверот“ – рекордно најиграна претстава во Македонија.
На прославата ќе биде поставена ретроспективна изложба за оваа претстава и за 20-те години од вселувањето на ансамблот во сегашниот простор.
– Од премиерата на 6 февруари 1998 година, „Убавицата и ѕверот“ цели 20 години е на тековниот репертоар на театарот. Наскоро ќе ја доживее својата 350 изведба, а со тоа ќе го постави рекородот на најиграна претстава во Македонија, соопштиja od Теaтарот за деца и младинци.
Оваа претстава се играше и на многу други сцени во Македонија, но и на престижни меѓународни фестивали. Ги има освоено наградите за најдобри костими изработени од Александар Ношпал, како и награда за најдобро актерско остварување за актерката Тања Кочовска на фестивал во Суботица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Театар за деца и младинци ќе го прави првиот македонски мјузикл за деца
-
Кренаре Невзати- Кери го постави Шекспир за деца во Театарот за деца и младинци
-
Театар за деца и младинци ја подготвува претставата „Сонот на Вилијам“ посветена на Иван Ивановски (фотогалерија)
-
Стотта изведба на „Цветната улица” на Театарот за деца и младинци