| четврток, 6 декември 2018 |

Три лица од Кичево и две од Скопје се степале во Сити Мол

Тројца кичевци и двајца скопјани вчера се степале во ТЦ Сити Мол. Причина било што трите лица од Кичево со мобилен телефон сликале две другарки на двајцата скопјани.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа во 21,50 часот било пријавено дека во Трговскиот центар “Сити Мол“ пред сендвичарите на третиот кат бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу К.М.(22), Ф.Ј.(22), Л.Б.(22) сите од Кичево од една страна и Ј.Р.(29) и М.С.(30) од Скопје од друга страна страна. Причина за нарушувањето на јавниот ред и мир било тоа што трите лица од Кичево со мобилен телефон сликале две другарки на Ј.Р. и М.С. Истите најпрво започнале вербална расправија, а потоа настанала и тепачка.

На местото на настанот излезено е од страна на полициски службеници и направен е записник за констатиран прекршок по член 11 став 3 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top