Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев ( 28), вчера ја запроси својата долгогодишна девојка Ивана Анѓеловска. И запросувањето го направил со стил, со голема торта, во форма на кутија за накит, и со прстен изработен од фондан, на која пишува “Ќе се омажиш ли за мене“, ја побарал за жена својата долгогодишна љубов. Радосната вест ја сподели и на својот Фејсбук профил.
„Со еден глас за, Ивана избра да“, напиша Богоев, кој е најмладиот градоначалник од СДСМ. Богоев доби честитики, и од своите партиски соработници, но и од своите најблиски. Пред да се решат за ова, тие биле осум години во љубовна врска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.