Синот на балканската ѕвезда Лепа Брена и прочуениот тениски ас, Боба Живоиновиќ, Стефан, го прослави својот 26 роденден.
Стефан тргна по стапките на мајка му, па Брена и Боба пред точно една година за роденден му подарија песни кои станаа вистински хитови. Стефан настапува ширум Европа, а дури и мајка му ја следеше на турнејата по Америка.
Сепак овој роденден младиот Живоиновиќ реши да го прослави без своите родители и само со брат му Виктор и пријател во Монако и тоа без женско друштво.
Сепак меѓу првите на социјланите мрежи, роденденот му го честиташе неговата мајка Брена.
-Мојот живот, љубов и среќа. Среќен Роденден- напиша Брена.
Инаку Стефан многу работи преживеа досега. Во 2000 година беше киднапиран, а потоа и успешно вратен кај своите родители, откако тие платија откуп од 2,5 милони марки. Исто така има преживеано и клиничка смрт во Америка после неколку часа играње тенис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.