| четврток, 6 декември 2018 |

Коѕијас во интервју за „Ројтерс“: Спорот ќе биде завршен до јуни

Грција наскоро ќе излезе со проект, ќе понуди предлог-решение за деценискиот спор за името со Македонија, изјавил денеска за Ројтерс министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас.

Првиот дипломат на Атина во интервју за агенцијата изјавил дека “Александар Велики ни ја покажал потребата дека Гордиевиот јазол треба да се расчисти. Во одреден момент, треба да го завршиме ова прашање“, додал Коѕијас.

На прашањето каков е планот на Грција ако проблемот не се реши до јуни 2018 година, министерот за надворешни работи изјавил дека дотогаш спорот “ќе биде завршен”.
-Сакаме да го решиме проблемот. Тоа е во наш национален интерес и во интерес на регионот, бидејќи ќе обезбеди стабилност, безбедност и економски раст“, рекол првиот дипломат на Грција.

Што се однесува до планираниот проект, Коѕијас изјавил дека тој нема да го содржи само грчкото гледиште, ниту пак ќе биде компромис, туку ќе биде основa, врз која двете земји да соработуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top