| четврток, 6 декември 2018 |

Исповед на една мајка: Му дадовме леб, а тој ни го силуваше детето

Гордан го примивме дома, јадеше со нас, спиење тука, се делеше со нашите деца, а како ни врати? Така што ни ја силуваше ќерката, и тоа додека сите бевме дома.

Со овие зборови 26-годишната мајка на 7-годишно девојче ја започнува приказната за гостинот во својот дом, кој има 49 години.

Педофилот на девојчето му ги соблекол пантолоните, а потоа со јазикот и прстите го допирал по интимните делови, па му се заканил дека ќе го убие доколку му каже на некој за оваа случка.

Девојчето, сепак, ѝ се пожалило на својата мајка, која го пријавила во полиција. Мајката ѝ раскажала на полицијата што се случило таа ноќ.

-Гордан сечеше дрва кај нас, па остана дома. Сопругот и свекрвата беа во дневната соба и гледаа телевизија додека јас перев. Тој ги искористил петте минути додека мојата ќерка била сама во во својата соба, влегол и ја злоставувал, вели мајката.

Монструмот Горан по чинот го прашал таткото на девојчето дали може со девојчето да оди до продавница.

ргнаа кон продавницата, но не ни беше ништо сомнително бидејќи тоа секојдневно се случуваше. Се однесуваше како да го сака нашето дете, никогаш немаше опцуено пред неа и му веруваме. Меѓутоа, кога се вратија, ќерката дојде до мене и ми кажа што се случило. Ми раскажа дека ѝ се заканил дека ќе ја претепа ако некому му каже“, вели мајката.

Шокирана од страшното сознание, мајката веднаш му кажала на својот сопруг.

-Го замолив сопругот да го испрати Гордан повторно во продавница за да му кажам. Ќерката и јас потоа му раскажавме што се случило и тој веднаш го повика својот пријател кој е полицаец. Се сомневам дека гадот се слушнал пред врата, бидејќи веднаш штом се врати од продавница, ги фрли кесите и почна да се поздравува со сите. По советот од полицијата се обидовме да го задржиме, но тој побегна, додава мајката.

Силувачот веќе вечерта бил уапсен во напуштена куќа каде што се криел.

-За него нема казна која му одговара. Тој ден можев да го убијам, но сфатив дека поради монструм не вреди да се оди во затвор. Полицијата беше кај нас и детето го однесоа на преглед. Таа не е повредена, но ова е работа која таа не треба да ја доживее на 7 години, додава мајката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top