Српската манекенка Мина Миленковиќ од жртва стана измамник. Сега ѝ се заканува затворска казна од пет години поради лажно обвинување за силување.
– Гинеколошкиот преглед утврдил дека 21-годишната Миленковиќ, која по дводневна потрага беше најдена во белградско предградие, не била силувана – официјално потврди српската полиција.
Таа, како што пишуваат тамошните медиуми, целиот викенд го поминала со три момчиња во стан во населбата Видиковец.
– Никој не ја присилил на ништо. Таа доброволно отишла таму. Кога излегла од станот и кога ја сретнале жителите на населбата, таа рекла дека е силувана. Приказната ја повторила и во полиција, која подоцна ги уапсила момчињата. Сепак, на крајот се покажало дека лажела за силувањето, а приведените се пуштени на слобода. Против неа, најверојатно, ќе биде поднесена кривична пријава за лажно пријавување – велат полициски извори за „Курир“.
И покрај лекарскиот преглед со кој било утврдено дека на нејзиното тело нема модринки ниту гребнатинки од насилство, манекенката упорно се држела до приказната дека е силувана.
Момчето што ја нашло во тревник во една од улиците во населбата Видиковец рекло дека девојката му изгледала пијана или дрогирана.
– Ја најдовме како лежи во тревата покрај улицата без свест. Помисливме дека е мртва. Викнавме полиција, а таа подоцна се разбуди. Беше конфузна, не знаеше да каже ни како се вика. Помисливме дека или многу испила или се дрогирала – раскажува момчето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


