Професорката Тања Каракамишева на социјалните мрежи го изрази својот став за прегпвприте за името, а по повод денешната посета на Нимиц и изјавите на Никола Димитров.
-Се појасно им станува на Заев и на Димитров во каква каша влегоа. Изјавите што ги даваат последните неколку дена се од типот “чекај, да закочиме малку, Грциве пак ќе не прејдат”. И нема да ни биде прв пат. Ако си ја вратиме меморијата, 2008 година ни се повторува. Истите финти, истите пресии, истите ветувања демек САД ни чува грб, само различни актери. Сценариото се повторува со идентичен заплет и веројатно идентичен расплет. Господ не става пред искушение колку сме ја научиле лекцијата од пред 10 години. Ни ја праќа истата лекција за да го види напредокот. Да потсетам. Во 2008 година Џорџ Буш јавно кажа “во НАТО ќе влезат две нови држави”, за неколку часа подоцна да биде констатирано дека влегува само Албанија, не и Македонија. Денес, по 10 години ако нашиве се возат на истиот воз дека поддршката од стратешкиот ни партнер ни е огромна за следниот самит на НАТО во 2018 година, работава галиба пак ќе биде бунар. Следејќи ги изјавите на наша и на грчка страна се ми се чини дека ентузијазмот во нашиов естаблишмент спласнува, а дека стравот расте. Секој ден се повеќе страв надвиснува. Стравот се потврдува со изјавите и проценките дека е потребно да се остави простор и за сопствено перење пред јавноста. Од силната изјава на Заев дадена на почетокот дека прашањето може да се реши и без референдум, од пред два дена се смени, сега имаме друг вординг: “Јас на таа работа не гледам како на кочница. Гледам како на дополнителна гаранција за Грција дека решението е трајно и останува за век и веков. Тоа не е толку страшно или трагично или невозможно, бидејќи референдумите се спроведуваат по закон и по брза постапка“, рече Заев.
Димитров денес пишман аџија: “Од наша страна има волја, се надеваме дека и од другата страна ќе има. Ако има достоинствен начин што го почитува идентитетотот и достоинството на двете страни, ќе го најдеме. Можно е и да нема таков начин, но наша обврска е да се обидеме да го најдеме-посочи министерот Димитров. Страв лозје чува!
Изгледа и нашиве шармери и оптимисти сфатија дека шармот не е вистинскиот лек за огромната национална болка на Грција.
“Комитите се пред порта. И требаш на Македонија”.
Пораката со која се повикуваат Грците на големиот митинг во Атина.
И демек Ципрас не знае и не го организира ова …ха, ха, ха
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тања Каракамишева: Знае ли точно Камбовски колку прекршувања на Уставот и на законот за референдум се направени со фалично донесената одлука?
-
Каракамишева: Волку да не те сака народ како што не го сакаат Заев, а него буквално да не го боли уво заради тоа може да се смета за сериозна патолошка болест
-
Каракамишева: Овој Договор е најгеноцидниот документ за Македонците во поновата историја
-
Каракамишева: Не е време за пеење, ниту има причина за радување!