| четврток, 6 декември 2018 |

Половина од жените во Македонија кои добиле покана, не отишле да направат бесплатен ПАП-тест

Половина од жените во Македонија кои лани добиле покана, не отишле да направат бесплатен преглед за скрининг на грлото на матката, покажуваат податоците кои ги објави Институтот за јавно здравје на Македонија, а кои денеска беа презентирани.

Лани биле испратени вкупно 40.505 покани за скрининг на грло на матка, што претставува зголемување во однос на 2016 година кога биле доставени 35.882 покани. Процентот нa жени кои примиле покана од вкупно поканетите, во сите центри за јавно здравје изнесува 85,5 отсто, што претставува незначително зголемување во однос на претходната година, кога биле регистрирани 83,4 проценти.
Вкупниот број жени кои примиле покани изнесува 34.613, додека 15.047 од нив не се јавиле на преглед што претставува огромни 43,5 отсто. Таа бројка во 2016 година била многу помала односно 29,7 проценти во 2016 година и 34,6 проценти во 2015 година.

Иако добиле покана, најмалку жени од Гостивар и Велес дошле на преглед, покажуваат податоците.
Најголем процент на жени кои примиле покана, а не се јавиле на преглед има во Центарот за јавно здравје Гостивар (43,6 отсто) и Велес (23,1 отсто). Значителен е и бројот на општини во кои не се доставуваат покани до жените на возраст од 36 – ­45 години.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top