„Не“ за сложено име со вклучен термин Македонија, велат над половина Грци, односно 59 проценти, покажува последното истражување на јавното мислење во Грција. Во анкетата спроведена од агенцијата „Pulse“ за телевизијата Action 24, за 72% од испитаниците е важен спорот за името, а 65% оценуваат дека се позитивни протестите за „Македонија“.
Поголема доверба анкетираните Грци имаат во претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, отколку во актуелниот премиер Алекис Ципрас, за да управува и на најдобар начин за Грција, да го реши прашањето со името.
Како што јавува дописникот на МИА од Атина, во однос на терминот Македонија 59% одговориле дека не се согласуваат, 35% рекле дека се согласуваат. На прашањето „Лично Вие, се согласувате или не се согласувате со решение на спорот со името на поранешната југословенска Република Македонија со сложено име што ќе го содржи терминот „Македонија“? , анкетираните одговориле:
17% сигурно се согласувам
18% веројатно се согласувам
19% веројатно не се согласувам
40% сигурно не се согласувам
6% не знам/не одговарам
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција