Директор на една од врвните државни културни установи во Македонија вечерва околу 21:20 часот прегазил девојче во скопската населба Кисела Вода, објави „Прес24“.
Според неофицијалните информаци несреќата се случила во близина на „Шампионче“, пишува порталот, а директорот Д.С. според се уште непотврдените информации бил под дејство на алкохол. Дрегерот на полициските службеници покажал исклучително висока концентрација.
Девојчето веднаш било префрлено во болница но се уште немаме информација каква е нејзината состојба.
Директорот пак е задржан во полициска станица.
Од МВР се уште не може да се добие потврда на оваа информација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.