Ние сме во една долга криза која е блиску да кулминира, вели Ферид Мухиќ во емисијата „Само вистина“ , а во врска со прашањето во однос на нашето уставно име.
Според него нашата позиција е изразена и упатена да биде кооперативна. Тој исто така вели дека македонскиот интегритет е доведен сериозно во прашање, а Македонија е изложена на една деидентификација, деисторизација како и одземање на достоинството.
-Сите сме изложени на тој притисок. Ние можеме да покажеме многу повеќе интегритет. Некои од договорите се асиметрични не се градени на реципроцитет. Изненадувачки според мене е колку поединци немаат глас. Ова е прв пат во историја, преседан, никогаш и ниту еден освојувач да бара промена на името од една држава. Притисокот е на целата држава. Не уценуваат. Дај го името па ќе го добиеш ова. Тоа е корупција, тоа е најниско ниво, вели Мухиќ.
-Не само што е апсолутен преседан да се бара промена на името, туку ерга омнес. Тоа е правно бесмислено. Како е можно една страна да диктира на друга држава како да бара обврзување да регулира начин на односите со трети држави. Понижувачки е да се каже бараа Грците од нас да смениме име па еве мораме да го смениме. Ние немаме спор со Грција. Ние не бараме ништо од нив. Затоа не треба да отстапуваме. Не прифаќам апсолутно промена на името, дециден е Мухиќ.
Мухиќ додава дека и да се претпостави дека Македонија ќе влезе наредната година во ЕУ, ќе се влезе како некој што е понижен и што го плукнал своето име. Според него цената е превисока, а срамот ќе биде поголем да се добие но посочува дека за жал преговорите ќе продолжат и дека Нимиц медијаторот во овој спор е во право и дека прашањето за името ќе се реши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Остана доследен: Пратеникот Ферид Мухиќ не гласаше за дневниот ред!
-
Мухиќ гласаше против потребата од ратификација по итна постапка на договорот со Грција
-
Ферид Мухиќ, пратеник од коалицијата на СДСМ е против договорот со Грција (видео)
-
Пратениците на СДСМ се договориле да седат дома за да не иритираат