Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов утре во 09:00 часот на Меѓуградска автобуска ќе ја испрати првата група на деца коишто ќе ја користат бесплатната услуга за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за 2013 година.
Во целокупниот проект се опфатени 3.000 деца родени во период од 1998 до 2003 година, односно деца-редовни ученици во петто, шесто, седмо и осмо одделение, од кои 2 000 деца ќе летуваат, додека останатите илјада ќе одмораат во текот на зимскиот распуст идната година. Првата група деца заминува утре, а проектот ќе се реализира до крајот на август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


