| четврток, 6 декември 2018 |

МНР: Соопштување на крајни позиции го намалува просторот за преговори

Во пресрет на посетета на специјалниот пратеник на ОН, Метју Нимиц, со чие посредство се одвива процесот на разговори за името, посочуваме дека јавното соопштување крајни позиции може да го намали просторот за разговори, велат за МИА од кабинетот на шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров.

– Од наша страна има добра волја за заемно прифатливи решение кое ќе ги почитува интересите, достоинството и идентитетот на двата народа. За да дојдеме до решение ќе биде нужна добра волја и од другата страна, велат од кабинетот на Димитров.

Реакцијата на македонското МНР доаѓа по синоќешното гостување на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас на државната телевизија ЕРТ, во кое најави дека Грција во февруари ќе и достави на Македонија спогодба во четири точки, што според Атина треба да биде основата за решавање на прашањето за името и отворање на патот на Македонија кон НАТО и ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top