Емирот на Катар, шеик Хамад бин Халифа ал Тани одлучи да му ја предаде власта на својот син, престолонаследникот шеик Тамим бин Хамад ал Тани, пренесе „Ал Џезира“. Емирот за ваков чекор или ќе абдицира или ќе го именува за премиер.
Ако емирот абдицира тоа ќе биде преседан во Катар и во современата историја на арапскиот свет, каде ниту еден монарх не се повлекол од власта по своја воља. Но, шеикот ал Тани би можел постепено да му ја предава власта на својот син, назначувајќи го прво за премиер, на место на влијателниот шеик Хамад бин Џабер бин Џасем ал Тани, кој се наоѓа на оваа функција од 2007 година.
Тамим ал Тани е роден во 1980 година. Тој е втор син на емирот од Катар и неговата сопруга Моза, која е негова втора жена. Тамим бин Хамад ал Тани е заменик-началник на Генералштабот на катарските Вооружени сили.
Катарскиот емир утре ќе и се обрати на нацијата и ќе соопшти дали ќе абдицира или ќе го именува својот син за премиер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


