На 28.01.2018 година околу 04,15 часот од Бригада за противпожарна заштита Скопје пријавено е дека на ул.„Милан Марковиќ“ интервенирале на опожарено возило „Шкода Кодијак“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Ј.А. од Скопје и делумно опожарено возило „Опел Астра“ со гевгелиски регистарски ознаки, сопственост на Т.О. од с.Богданци.
Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот е целосно изгаснат.
Се преземаат мерки за утврдување на причините кои довеле до опожарување и целосно расчистување на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.