| четврток, 6 декември 2018 |

Владата на седница одлучувала за државјанството на Викторија Лоба

Владата на Република Македонија во петокот ја одржа 51-та седница на која прва точка од дневниот ред беше барањето на пејачката Викторија Лоба за државјанство на РМ.

Во соопштението на седницата нема информации за одлуката за барањето на Лоба.

На таа седница Владата реши да даде еднократната помош за семејството Зулбеари, чии 5 члена, мајка и 4 деца, настрадаа во пожар, реши за в.д. директорка на Државниот комунален инспекторат да ја именува Елизабета Јованчева, а Рамадан Рамадани стана директор на Културниот центар во Истанбул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top