Медицинско лице од Општа болница-Велес пријавило во Полициска станица Велес, дека ноќеска по полоќ, односно во 1.15 часот бил донесен повреден З.Б.(42) од с.Визбегово, кој имал рана во десната потколеница нанесена од огнено оружје – пиштол.
Како итен случај препратен е во Комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.