Српскиот фолкер со македонско потекло, Џеј Рамадановски, по лажните вести кои се појавија за него дека починал, вели дека не се предава туку така и се чувствува добро по операцијата на срцето. Тој се оперириал пред неколку денови во една клиника во Виена.
– Нека цркнат оние кои ми мислат најлошо. Уште не умирам! Нормално се чувствувам после операцијата на срцето. Иако не сум сосема најдобро бидејќи се уште закрепнувам, тоа не значи дека треба веќе да ме закопаат во црна земја, објаснува Џеј кој повторно е расположен за пеење и средби со новинарите.
– За мојата умирачка зборуваат тие што не можат да ме смислат, тие на кои сум им трн во око на естрадата, а и во животот. Навистина не ми е јасно колку има луѓе со болни умови. Но, не смеам да се нервирам, бидејќи и онака се ми е поради нервозите и стресовите, додал фолкерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.