Лидерот на Социјалистичката партија на Грција, Евaнгелос Венизелос, е новиот вицепремиер и министер за надворешни работи.
Ова е резултатот на најновите преговори во грчката влада која се соочи со сериозна криза откако премиерот Самарас одлучи да ја затвори државната телевизија ЕРТ, со што земјата ќе заштеди стотина милиони евра годишно.
Лидерот на ПАСОК во иднина ќе биде директно одговорен и за преговорите со Македонија. Тој ќе го замени досегашниот шеф на дипломатијата Аврамопулос, кој ќе стане министер за одбрана.
Според сѐ уште неофицијалните најави, нов член на грчката влада треба да стане братот на поранешната шефица на дипломатијата Дора Бакојани и син на поранешниот премиер Константин Мицотакис.
Сѐ уште не е познато која позиција ќе ја добие Кирјакос Мицотакис, кој пред неколку години беше дел од сериозен финансиски скандал поврзан со германскиот концерн Сименс.
Според наводите на медиумите тој додека неговата сестра беше министер примал поткуп од германската команија но случајот не доби суска завршница.
Новата реконструирана грчка влада треба да даде заклетва во текoт на утрешниот ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Мицотакис: Ципрас го премина Рубикон со признавањето македонска нација
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!