| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имаше средба со амбасадорот на Руската Федерација

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес оствари средба со амбасадорот на Руската Федерација Олег Шчербак.

На средбата се разговарало за односите на Република Македонија со Руската Федерација како и за актуелната политичка и економска состојба во Македонија.

Мицкоски во разговорот го информирл својот соговорник за реваншизмот кој власта го спроведува кон опозицијата, односно дека неоправдано во притвор од страна на актуелната власт се држат 6 пратеници од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, што претставува 12% од самата коалиција или 5% од вкупниот број на пратеници, информираат од партијата и додаваат:

Од страна на претседателот Мицкоски беше нагласено дека и покрај забелешките кои ги имаше Народниот правобранител за начинот на притворање и целата процедура со која се спроведуваа народните избраници до судот, до сега нема никаква одговорност од страна на актуелната власт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top