Првиот сосед на семејството Зулбеари зад камера за А1он изјавил дека силниот пожар го разбудил од сон, по што веднаш се симнал да види што се случува. Противпожарната бригада веќе била пристигната и дежурните пожарникари се обидувале да ги извлечат телата од пламените јазици кои ја зафатиле куќата.
Сè уште не се знае причината за пожарот кој избувнал изутрината пред 5 часот во домот на семејството Зулбеари, при што загинаа мајка и четирите малолетни деца. Постојат сомнежи дека настанал или од печката на дрва на којашто се затоплувале или, пак, од неисправна инсталација.
Во огнената стихија која го зафатила нивниот семеен дом на улицата Гоце Делчев успеале да се спасат свекорот и свекрвата, кои спиеле на долниот кат од куќата. Тие успеале навреме безбедно да го напуштат домот кој бил зафатен од огнените јазици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.