Помладиот од браќата Карабатиќ, Лука вели дека селекцијата на Франција нема проблеми со фаворитската улога и ќе се обиде да ја оправда.
Потоа, Лука зборуваше за својот иден тренер во ПСЖ, Раул Гонзалез. Според дефанзивецот, македонскиот селектор брзо ќе научи француски јазик, а како алтернатива секогаш може да зборува со него македонски.
– Забележав дека Раул на тајм-аутите зборува македонски. Не е лесно да се научи тој јазик. Првпат во кариерата ќе соработувам со шпански тренер. Слушнав дека е врвен тренер и задоволен сум и едвај чекам да го запознаам. Раул сигурно веќе учи француски, а ако не научи, секогаш можеме да се разбереме на наш јазик, зборувајќи српско-хрватски истакна Карабатиќ.
(извор – Гол.мк)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.