Француската метеоролошка служба соопшти дека во 15 департмани останува портокалвиот метео-аларм поради излевање на реките од своите корита ширум земјата. Метеоролозите најавуваат уште дожд.
Освен Париз, каде што се очекува да расте нивото на реката Сена до сабота, останатите загрозени региони се наоѓаат на северот и на истокот на земјата, е четири департмани во Централна Франција се под закана поради снегот и мразот, пренесува АП.
За поплавите се виновни долготрајните дождови, а количината на дождот во Париз е двапати поголема од обично. Поради ова железничкиот сообраќај и метрото во Париз не работат редовно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.