Болницата „Санте плус“ реагираше на соопштението на Државниот санитарен и здравствен инпекторат за забрана за работа кое беше пренесено од медиумите. Во продолжение ја пренесуваме реакцијата:
-Во врска со денешното Соопштение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за изречената забрана за работа на нашата болница поради констатирани недостатоци, сакаме да ја известиме јавноста за следново.
Констатираните недостатоци се од административно – сметководствена природа и истите се отстранети уште во текот на денешниот дел.
Имено, недостатоците се однесуваат на тоа што дел од вработените биле пријавени во АВРМ на определено, а не на неопределено работно време. Оттука, самата одлука на ДСЗИ е беспредметна и не разбираме на кој начин горенаведените недостатоци имаат ефект на работата на нашата болница.
Меѓутоа, во ова прилика сакаме да ја истакнеме нашата загриженост од ваквите тенденциозни објави од страна на ДСЗИ. Имено, сметаме дека објавата за затворањето на нашата болница поради некакви констатирани недостатоци, притоа да се премолчи административната / сметководствена природа на такви недостатоци, е дадено со единствена цел да се наруши нашата репутација и да се создаде впечаток дека се констатирани некакви недостатоци од медицинска природа, што е апсолутно неточно.
Напротив, во текот на досегашните инспекции од Комисијата формирана од Министерот за здравство, а поврзани со пациентката Дебора Ќерими Џамбази, е увидено дека целата интервенција е извршена согласно постоечките медицински протоколи од страна на персонал кои се врвни стручњаци во својата дејност.
Сметаме дека ваквите тенденциозни и субјективни соопштенија за јавност единствено ќе ја нарушат репутацијата на Министерството за здравство во чиј состав работи ДСЗИ.
Во случајот со пациентката Дебора Ќерими Џамбази нашиот висококвалификуван кадар во овој медицински случај ги дадоа најдобрите напори да ја реанимираат пациентката и нејзиното бебе, при што успеаја да го спасат бебето, но за жал пациентката го загуби животот во КАРИЛ каде што беше транспортирана со придружба на наши лекари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ванковска: Според Уставот, за одлука за стапување во сојуз или заедница треба 900 илјади гласа „за“
-
ВМРО-ДПМНЕ: Заев денес призна дека ќе се смени и името на сите државни институции, МАНУ, личните карти, пасошите
-
„Санте плус“ за скандалозните фотографии на „Фејсбук“ ќе добие опомена од Етичката комисија при Лекарската комора (галерија)
-
МИОА: Работевме во екстремно кратки рокови и ова беше единствен начин Македонија да биде домаќин на Дигиталниот самит