| четврток, 6 декември 2018 |

Ристовски: Уште од првиот момент имаше хемија меѓу играчите и Раул

Сениорската ракометна репрезентација на Македонија загуби и на последниот натпревар од главната фаза на ЕП во Хрватска од репрезентацијата на Данска (12-12) 20-31. Борко Ристовски имаше одлична партија на вчерашниот натпревар со Чешка, а денеска иако беше во составот го изгледа натпреварот од клупата.

– Нема многу филозофија. На сите натпревари одигравме борбено и дадовме сто проценти од себе ако не и повеќе. Жалосно е што не остваривме и подобар резултат бидејќи имавме сe во наши раце и мислам дека сè ќе беше поинаку ако го добиевме вчерашниот натпревар со Чешка. Македонија ќе завршеше со една многу поубава ракометна приказна од оваа денес. Жалосно е да се заврши ЕП со ваков пораз, но ние сме Балканци и треба да поработиме малку на нашата психологија, рече Ристовски

Репрезентативниот голман изрази задоволство од енергијата и сплотеноста која ги краси „црвено – жолтите“ и истакна дека воопшто не е важно кој е најдобар, а кој најлош во репрезентацијата, туку дека е важно репрезентацијата да има успех.

– Овде играме за државата и важно е дека уште од првиот момент имаше хемија меѓу играчите и Раул. Радува што како никогаш до сега не краси заедништво и сплотеност. Раул даде простор и ротација за сите, гледате и колку им верува на младите играчи. На ова превенство ни недостигаше малку среќа, сила и малку знаење, заврши Ристовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top