| четврток, 6 декември 2018 |

Паднало на физичко, па итно било пренесено на Клиника: Детали за смртта на момчето кое синоќа почина на Трауматологија

Момче на 15 годишна возраст починало синоќа додека го оперирале на Клиниката за Трауматологија.

Според информации на порталот НОВА, момчето паднало на час по физичко, и било донесено како итен случај, а смртта настапила како резултат на малигна хипертермија која се случува во многу ретки случаи кај пациенти кои имаат генетска мутација и во комбинација со анестетик може да настапат компликации и смрт.

– Нема грешка во анестезијата, ниту пак се работи за алегриска реакција, туку веројатно станува збор за ненормално однесување на организмот кон анестетикот и според клиничките знаци се сомневаме дека се работи за малигна хипертермија. Тоа може да се докаже преку генетско испитување кое ќе треба да го направи и семејството заради безбедност во иднина. На Хируршките клиники каде од секоја клиника посебно има по илјадници операции годишно досега не сме имале ваков случај. Клиничките знаци се исти како што се опишани во медицинската литература, потврдиле за НОВА од КАРИЛ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top