На 26 јануари, на „Малата сцена“ на Универзална,погледнете ја сатиричната претстава „Го силувавме ежот”, која говори за апсурдното владеење на еден современ режим во рамките на демократско општество, раскажано преку љубовна приказна на млад новинар и проститутка.
Претставата е работена како завршен испит на возрасната група ученици од училиштето за театар „Од игра до претстава“ и е авторско дело на ученикот Марјан Анѓеловски.
Играат: Јасмин Рамани, Петра Ивановска, Марјан Анѓеловски, Ристе Мицевски, Огнен Велевски, Ивана Стамевска, Сара Николовска, Елена Ѓорѓевска, Александар Јовановски.
МЕНТОРИ: Игор Ивковиќ – театарски режисер, Ирена Илиевска – актерка, Миодраг Костиќ – продуцент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.