Некогашниот сенатор на американската сојузна држава Илиноис, претседателот на САД Барак Обама, бил прислушуван од Националната безбедносна агенција (НСА) пред девет години, изјави поранешниот соработник на НСА, Рас Тајс.
Тајс, кој две децении работеше во разузнавачкиот сектор, а на американската јавност ѝ стана познат откако во 2005 година преку „Њујорк тајмс“ откри детали за нелегалното прислушување преку НСА на администрацијата на поранешниот претседател Џорџ Буш Помладиот.
Тој сега тврди дека службата во 2004 година, покрај другите, го прислушувала и тогашниот сенатор Обама.
– Ги држев во раце тие хартии, прислушвани се сите – членови на Конгресот и на Сенатот, судии, адвокати, вработени во Стејт департментот, како и вработени во Белата куќа.
Неколку недели пред Тајс, слични податоци изнесе и поранешниот соработник на ЦИА и поранешен консултант на НСА, Едвард Сноуден, кој побегна од САД и бара азил во Еквадор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.