| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е можеби оглас за вас: Меган и Хари бараат ПР, а еве кои се условите!

Кралскиот Пар Хари и Меган Маркл бараат ПР.

Британското кралско семејство на Линкдин објави оглас преку кој бара асистент за комуникација.

Како што е наведено во описот на работата, избраниот кандидат на оваа позиција ќе работи една година и тоа во Бакингемската палата.

Ќе пишува соопштенија за јавност, ќе ги води социјалните мрежи на кралското семејство и ќе помага во организацијата на разни настани и случувања во палатата.

Работата подразбира и патување во Обединетото Кралство и во странство.

Се чини дека избраниот кандидат за оваа интересна позиција ќе има полни раце работа, но и чесен годишен одмор од 33 дена, професионално усовршување, платено социјално и пензиско осигурување.

Со оглед на тоа дека наближува венчавката на Меган Маркл и принцот Хари, можно е новиот асистент да биде одговорен и за односите со јавност на младиот пар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top