Утрово во Македонија беа измерени најниски температури ова зимо. Во три градови во Македонија беа измерени -10 степени ова утро во 07 часот, а тоа се градовите Берово, Маврово и Лазарополе. Под нулата беше и во Крива Паланка и Крушево со -8, Тетово, Ѓуриште, Претор, Пожаране, Прилеп и Скопје Петровец со -6, Дебар, Тополчани, Охрид и Битола со -5, Виница, Струмица, Демир Капија, Скопје и Штип со -4, а во Гевгелија -1.
Најмногу снег има во Ѓуриште, 12 сантиметри, а снежната покривка во Маврово изнесува 8 сантиметри, во Пожаране 7…
Според УХМР, по сончевото и студено време во утринските часови, преку денот ќе има зголемување на облачноста и ќе преовладува променливо облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер ветер, од северозападен правец, долж Повардарието ќе се засилува, а западните делови ветерот ќе биде со слаб интензитет, а правецот ќе биде од североисток. Максималните температури од 3 до 8 степени.
Во скопското подрачје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен североисточен ветер. Температурата до 6 степени.
Во текот на неделата што следува ќе биде стабилно, со ниски утрински температури, кои ќе се движат од -9 до -2 степени, додека дневните ќе бидат во постепено покачување.
В четврток, петок и в сабота ќе има услови за појава на магла по одделни котлини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.