| четврток, 6 декември 2018 |

Победникот во Бостон го врати медалот во чест на почит кон жртвите

Победникот на маратонот во Бостон, Лелиса Десиса, го врати медалот во чест на жртвите од бомбашкиот напад. Десиса му го предаде златното одличје на градоначалникот на Бостон, Томас Менино.

– Спортот обединува и никогаш не смееме да дозволиме да се претвори во бојно поле – рече Десиса. Повеќе од 6 илјади спортисти се собраа во Бостон и трчаа повторно во знак на почит и сеќавање на жртвите од бомбашкиот напад на 15 април. Тогаш во финишот на маратонската трка се случија неколку експлозии во непосредна близина на стартно-целната рамнина, а загинаа три лица и 260 беа повредени.

– Не сум го видел Бостон толку цврст, непоколеблив, сложен. Ви благодарам што дојдовте и покажавте дека сите заедно ќе ја надминеме големата трагедија – рече Менино по вчерашната трка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top