Македонската пејачка Каролина Гочева објави фотографија на социјалните мрежи каде што може да се забележи нејзината промена на имиџот. Таа сега има многу посветла коса и e русокоса.
Обожавателите веднаш под објавата на фотографијата, на која пејачката напиша дека ужива во Лос Анџелес, и упатија со пофалните коментари за нејзиниот изглед.
Каролина со нејзиниот сопруг, сликарот Михаил Корубин, уживаат во медениот месец, а во моментов се во Калифорнија. По враќањето во Македонија, Каролина планира да го промовира својот нов албум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.