Одличните игри на Македонија на европското првенство во Хрватска и освоенотот прво место во групата Ц ги поттикнаа блкнаксите ракометни стручњаци и спортски новинари се повеќе да и посветат внимание на нашата репрезентација. Така, последниве неколку денови Македонија е една од главните теми во медиумите од регионов, а своја колумна на нашата екипа и тренерот Раул Гонзалес и посвети и Сретен Рашковиќ за посталот Балкан Хендбол кој има само позитивни зборови за Шпанецот.
– За оние кои не знаат, Раул Гонзалес му беше долгогодишен помошник на Талант Душебаев во славните денови на Сиудад Реал каде беше задолжен за тактика, а како што рече Арпад Штербиќ тие бее и тоа каков тандем.
– По неколку средби до Раул минатата година можев да се уверам за каков господин и професионалец станува збор. Неодамна во Скопје се што замисливме добивме од шпанскиот тренер како нашп домаќин. Без челична дисциплина кон играчите, тој предизвикува максимална одговорност од своите ракометари кога и да се појави. Затоа, и да не судиме спорема резултатите, единствено според односот кон ракометот, лидерот на Македонскиот тим и на Вардар е најдобриот тренер во светот во овој момент, пишува меѓу другото Рашковиќ во својата колумна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.