| четврток, 6 декември 2018 |

Професорот Марковиќ за најавените давачки: Тевдо, немој ова да го дозволиш, мерката е промашај од невидени размери

Политикологот Ненад Марковиќ преку социјалните мрежи упати јавен апел до најголемата партија во владата и министерот за финансии Драган Тевдовски кој најави дека и физички лица кои што ќе заработат над 1 милион денари ќе бидат даночни обврзници и ќе плаќаат данок како да се фирма.

– Другари од СДСМ – не го правите ова со регистрирање на приватни лица како ДДВ обврзници. Тевдо, колеги сме од УКИМ и те ценам ама ова немој да го дозволиш. Мерката е тапа од секој можен агол. Тапа. Дестимулативна е и во суштина популистичка. Демек најбогатите ќе ги пернеме за да им дадеме на сиромашните. Мало сутра ќе биде овој ефект. Кога беше ВМРО на власт, потполно истото го зборував. Не ми се допаѓа каде води ова. Промашај од невидени размери…

Професорот Марковиќ од катедрата за политички студии на Правниот фаултетри во Скопје важи за еден од најдобрите политички аналитичари во Македонија и е чест гостин на ТВ дебати на актуелни теми. Марковиќ е и претседател на Македонското политолошко друштво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top