Македонската актерка Јелена Јовановa почна со снимањето на новата хрватска серија која е најавувана како вистинско телевизиско освежување. Јелена веднаш го привлече вниманието на тамошните медиуми и се најде во центарот на вниманието.
Еве како хрватската телевизија РТЛ ја претстави Јелена на тамошната публика:
„Меѓу актерките се наоѓаат многу познати имиња, но светлата на рефлекторот, сепак, најмногу ја следат оваа убавица. Македонката Јелена Јованова е новата ѕвезда на хрватските серии, но и со пребогато актерско искуство крунисано со неколку награди. Јелена го стави животот пред камери во филмот „Во земјата на крв и мед“, каде што соработуваше со Анџелина Џоли.
Од новата партнерка е воодушевен и Филип Јурчиќ, кој во моментот е еден од најбараните хрватски актери. Тие двајца ја сочинуваат главната љубовна двојка во серијата. Дејството на серијата следи две семејства и три генерации со нивните проблеми и нерешени односи. Двајцата млади мораат да минат низ многу сплетки и скриени тајни за да ја дознаат вистината за себе и за своите семејства“, пишува РТЛ.
Серијата се снима на локации во Загреб и во близина на градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


