| четврток, 6 декември 2018 |

Српска манекенка два дена била киднапирана и силувана, па оставена гола на улица

Дваесет и едногодишната манекенка од Белград викендов била киднапира, а и два дена силувана, а потоа оставена на гола во белградската населба Ресник.

Мина Миленковиќ два дена се водела како исчезната, а синоќа била најдена како гола и претепана оди по улиците во населбата. Девојата била забележана од локалните жители кои случајот го пријавиле во полиција.

–  Мина беше целосно дехидрирана, гола и целата во модринки. Додека полицијата доаѓаше, жителка на Ресник ѝ помогна малку да се поврати. Девојката ја замолила жената да ја повика нејзината пријателка затоа што разбрала дека по неа трагаат нејзините родители, пријателите и полицијата – вели извор за српски „Курир“.

mina-milenkovic-pronadena-manekenka-nestala-1372032590-329561

Девојката изјавила дека била претепана и силувана, но не знаела да каже кој го сторил тоа затоа што се претпоставува дека била дрогирана. Полициската истрага треба да покаже кој стои зад злосторството.

Последен пат Мина била забележана на 22 овој месец на еден од белградските сплавови со поголемо друштво.

Во тој локал работел 32-годишен белграѓанец со кого Мина пред две недели ја раскинала едногодишната љубовна врска. Мина сакала повторно да се смират и побарала од него да разговараат, а откако момчето ја одбило, таа целата во солзи избегала од сплавот од каде што ѝ се губи трагата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top