| четврток, 6 декември 2018 |

Концесионерите на платформи и мостови во Охрид треба да ги обноват електричните инсталации

Локалните власти во Охрид побарале од концесионерите на плажите да ги заменат високонапонските инсталации, со нисконапонски кои се безбедни за луѓето. Како што пренесува „Охридњуз“, градоначалникот Бакрачески на средбата со концесионерите побарал да се почитуваат мерките за заштита за да не дојде до несакани последици.

– Ќе побараме од плажите што имаат платформи или мостови и треба да спроведат електрична енергија, доколку има контакт на вода, да се користи струја не посилна од 12 волти и да се почитуваат мерките за безбедност за да не дојде до несакани работи какви што имавме во минатото – изјави градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, по средбата со концесионерите на плажите на Охридско Езеро.

Поради високиот водостој, голем дел од платформите и монтажните мостови изградени на плажите под закуп се оштетени. Затоа надлежните побараа од концесионерите да извршат замена на старата електрична инсталација, со што ќе се зголеми безбедноста на капачите.

Поради неисправна инсталација на монтажна платформа во септември 2010 година смртно настрадаа тројца стружани, а оттогаш наваму се забележани и неколку други инциденти, за среќа без фатални последици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top