Словенечката репрезентација заедно со Македонија се пресели во Вараждин, каде ќе го продолжи натпреварувањето на Европското првенство (ЕП). И покрај многуте негодувања за судиските одлуки во првите два натпревари со Македонија и Германија, федерацијата на Словенија одлучи да го остави тимот на шампионатот во Хрватска.
Денес, Веселин Вујовиќ, селекторот на Словенците, го прослави својот 57. роденден, а играчите и неговите помошници му направија изненадување во хотелот „Свети Мартин“.
Ви благодарам многу. Славењето на мојот роденден со вас стана традиција. Среќен сум што вие сте мои пријатели и фамилија. Ви посакувам многу среќа и успех“ , кратко се заблагодари Вујо.
извор: pogled.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.