| четврток, 6 декември 2018 |

Утрото сончево и ладно, преку ден до 12 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево насекаде со негативни утрински температури, во текот на денот со умерена локална облачност повремено со умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до минус осум степени, а дневната од еден до 12 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена локална облачност повремено со умерен јужен ветер.
Температурата ќе се движи од минус четири до девет степени.
За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време, од сабота попладне со врнежи од дожд, на планините снег. Повеќе врнежи ќе има во недела, на крајот од денот ќе се префрлат кон исток и ќе поминуваат во врнежи од снег понекаде на повисоките места.
Врнежите ќе завршуваат во понеделник наутро, но преку денот ќе биде студено и ветровито.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top