| четврток, 6 декември 2018 |

Надежта на Милан се сели во Чемпионшип лигата?

Младиот суперталентиран напаѓач Андре Силва кој беше најавуван како наследник на Кристијано Роналдо во португалската фудбалската репрезентација, не добива скоро никаква минутажа во Милан откако летово пристигна во клубот.

Според пишувањата на медиумите на Островот, Милан е спремен да се ослободи од Португалецот, а тимовите на Вуверхемптон и Свонси први пројавиле интерес за напаѓачот и се подготвени да платат околу 40 милиони евра.

Вулверхемптон е прв на табелата во втората најсилна англиска лига и има сериозни шанси да се врати во Премиерлигата, па би бил интересна опција за Силва да се врати во форма и од лето да настапува во Премиер Лигата. Исто така уште една олеснителна околност за Силва да ги одбере „Вулвси“ е фактот што менаџер на Вулверхемптон е Португалецот Нуно Еспирито Санто, а таму настапува и уште еден млад и талентиран негов сонародник, Рубен Невес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top