| четврток, 6 декември 2018 |

Раул Гонзалес: Денеска ќе уживаме, а утре ќе заборавиме на се’

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалес не го криеше задоволството по синоќешната победа над Црна Гора. Неговите избраници моментално се први во групата Ц со максимален учинок во пресрет на последниот натпревар од групната фаза против Германија.

– Кога победуваме, тогаш победуваме сите. Кога губиме, губиме сите. Сите сме заслужни за ова, не треба да бараме поединци. Ако игравме како во првото полувреме, немаше да се радуваме на крајот од натпреварот со Црна Гора. Горд сум што ја променивме ситуацијата и што освоивме четири бода. Денеса ќе уживаме, а утре ќе заборавиме на се. Ќе размислуваме на Германија, тоа е многу силен тим. Сакам прво да анализираме, а потоа ќе зборуваме за детали, изјави Гонзалес по вчерашната победа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top