| четврток, 6 декември 2018 |

Како ќе се вика бебето на Борко Ристовски?

Голманот на македонската ракометна репрезентација Борко Ристовски го очекува своето прво дете, заедно со неговата избраничка Николина.

Таа на својот Инстаграм профил објави фотографија од персонализираните патики со кои Борко ќе ги брани боите на Македонија на вечерашниот меч со Црна Гора, на кои е испишано името Душан.

„Патиките со кои тато ќе брани на ЕП во Хрватска, со името и срцебиењето на нашиот син“, напишала таа во опис на фотографијата.

„Сакам слика од неговото срцебиење. Линијата на срцето на Душан на моите патики. И лути лавови“, рекол Борко кога со Сатја Грабулоски разговарале за дизајнот на патиките.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top