| четврток, 6 декември 2018 |

Овации и аплаузи за василичарскиот концерт во МОБ: Светски производ од македонски музичари (видео)

Македонската опера и балет и оваа година го организираше традиционалниот концерт за Василица. Насловен „Simply the Best“ со три изведби и за секоја се бараше билет повеќе, а уметниците беа испраќани со стоечки овации и аплаузи.

Концетрите траеја два и пол часа во кои публиката во МОБ слушаше рок и поп-хитови од 1980-тите и 1990-тите години: „Хотел Калифорнија“, „Слобода“, „Водолија“, „Црно кадифе“, „Послушај го срцето“, „Леди Мармелајд“, во аранжман на Дамир Имери, Сашко Николовски и Владимир Димовски, под диригентство на Бисера Чадловска ги изведоа 14 пејачи : Александар Тарабунов, Елена Петреска, Ана Мицковска, Александра Јанева, Горан Наумовски, Ѓоко Танески, Арбен Бени Шаќири, Дани Димитровска, Наташа Малинкова, Лена Заткоска, Даниел Дан и гостинот од Хрватска Бојан Јамброшиќ, како и оперските солисти Наде Талевска и Ѓорѓи Цуцковски.

Изведбата на „Едноставно најдобри“ (Simply the Best), според која беше и насловен концертот беше оставена за крај и ја изведоа сите заедно.

-После три неверојатно успешни концерти, мислам дека МОБ може да се пофали со еден навистина светски производ. Мило ми е што публиката го препозна нашиот труд и не испочитува во толкава мера. Морам да се заблагодарам на сите што учествуваа во концертите: Ана Мицковска, Даниел Дан, Елена Патреска, Дарко Нешовски, Наде Талевска, Горан Наумовски, Бојан Јамбросиќ, Лена Заткоска Маротова, Наташа Малинкова, Дани Димитровска, Бени Шаќири, Бобан Василевски, Ѓоко Танески, Ѓорѓи Цуцковски и Александра Јанева. Оркестарот на МОБ на чело со Климент Тодоровски и хорот и хормајсторот Ѓурѓица Дасиќ заедно со придружните вокали Емилија Палашева, Марија Наумовска и Дарко Стојановски, Бубе, Драгса и Марко, ништо без вас. За прекрасните аранжмани беа виновни Дамир Имери, Сашко Николовски и Владимир Димовски и Гоце Стефковски. И намерно за крај го оставив најдобриот бенд со врвниот гитарист Александар Поп Христов, Дарко Мучев и Гоце Стефковски. Огромна благодарност за поддршката и помошта од Дејан Прошев, Горан Наумовски и Мартина Андонова. Беше задоволство да се дели сцената со сите вас, знам дека и публиката го доживеа нашето уживање во музиката. Успешен почеток на новата година и д апродолжиме со исто темпо, напиша диригентката Бисера Чадловска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top