| четврток, 6 декември 2018 |

Имал службена легитимација и полициска опрема: Приведен е лажен полицаец од Тетово

Четириесет годишен тетовец, кој лажно се претставувал како полицаец, синоќа е приведен на магистралниот пат Гостивар – Кичево, се наведува во полицискиот билтен.

– Синоќа во 20: 10 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево било забележано паркирано патничко возило „мазда“ со скопски регистарски ознаки, во кое се наоѓал С.М. (40) од Тетово. Од страна на полициски службеници бил направен преглед на возилото и лицето, при што биле пронајдени изработена службена легитимација со амблем на МВР на Република Македонија со фотографија на С.М., фосфорно елече, мал нотес со патни налози и озонер со амблемот „полиција“, информираат од полицијата.

Поради лажно преставување по член 391 од Кривичниот законик на Република Македонија, С.М., кој е евидентиран како сторител на кривични дела “измама“, бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top