| четврток, 6 декември 2018 |

Аца Лукас жестоко удри по поранешната жена, а потоа кажа со колку жени спие!

Со оглед на тоа дека веќе со месеци наназад не ја спомнуваше својата поранешна жена Соња Вуксановиќ во медиумите, многумина изненади што Аца Лукас направи преседан и јавно ја испрозва за време на синоќешната емисија „Ѕвездите на Гранд“.

Нему како повод за излагањето за Соња му послужи песната „Колку повеќе стареам, толку повеќе ми недостига“, која ја пеел еден од кандидатите, па Лукас после истакувањето на фактот дека многу ја сака таа песна, додал:

-Инаку  ја сакам таа песна, а сега посебно бидејќи имам да направам резиме. Што сум постар тоа повеќе ми недостига она што го однесе, па сега да ставам две точки и да набројам: куќа, два автомобили, многу пари, свеќник, тросед, но стан – не!…-почнал Вуксановиќ да набројува, но останатите добронамерно го прекинале со повиците: Немој Ацо!

-И сега ги вежбам бицепсите во станот, но како? Се будам секое утро со две глави на едното и две глави на другото рамо. Знаете, не смеам да спијам сам. Иако се плашам и кога ќе се разбудам, ама тоа не е важно!

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top